Добредојдовте на веб страницата на ДОМИНГ ЈТД Радовиш.
Ќе биде наше задоволство ако тука го најдете решението за вашиот проблем и истовремено ќе биде потик за нашата успешна соработка.
Долгото искуство и професионалноста на нашиот персонал и на нашите соработници, ни дозволуваат со задоволство да ги претставиме нашите услуги, и не само толку, туку и реализираните проекти во изминатите 25 години, кои се гаранција за квалитетот, точноста и професионалноста кои нé идентификуваат во овој пазар.
Доминг јтд Радовиш е компанија која постои и се развива од 1998 година.
Примарна дејност со која се занимава нашата компанија е :
- Проектирање,
- Ревизија,
- Изведба и
- Надзор на градежни објекти.
Освен тоа, нудиме и проектирање и изградба на:
- Системи за наводнување,
- Водовод и канализација во објекти,
- Водовод и канализација надвор од објекти,
- Противпожарни хидрантски системи.
Во склоп на нашата компанија постои и продажен салон за:
- Водовод,
- Канализација,
- Наводнување,
- Опрема за бањи,
- Електрична галантерија,
- Професионален алат за занаетчии