ИНЖЕНЕРИНГ

За еден објект да се изведе добро и квалитетно, потребно е да се поседува квалитетна проектна документација изработена од професионални Проектанти. Ревизијата треба да биде направена од професионални Ревиденти. За Изведбата е потребен опремен и квалитетен Изведувач, пропратен со многу сериозен и квалитетен Надзор.

Сите тие делови од процесот на изградба можете да ги најдете на едно место, во ДОМИНГ ЈТД.
ДОМИНГ е компанија која е лиценцирана за проектирање, ревизија, изведба и надзор, од страна на Министерството за транспорт и врски. Нашите инженери се овластени од комората на архитекти и инженери на Македонија и се со долгогодишно искуство во областа на градежништвото.

Секторот за инженеринг во ДОМИНГ е составен од инженери со експертиза во неколку различни области:

Во ДОМИНГ, проектирањето е ставено на едно повисоко ниво. Сите инженери во секторот за проектирање со голема внимателност и сериозност пристапуваат кон секој проект, без разлика на големината и комплекстоста на истиот.

Ревизија на проектна документација се изработува со голема посветеност и коректност. Сите ревидентски извештаи се изработуваат со една единствена цел, а тоа е добивање на квалитетен краен производ, т.е. квалитетна проектна документација.

ДОМИНГ како Надзорен орган настојува кон максимално следење на проектната документација. Во потполност ги применуваме сите законски прописи за време на градбата. Заштитата и безбедноста при работа ги ставаме на највисоко ниво.

Како Изведувач, ДОМИНГ се стреми кон максимално следење на проектната документаија, запазување на законите за градење, заштита и безбедност при работа, како и законите за животна средина. ДОМИНГ ги прави сите напори за при градба на секој објект негативните импакти врз животната средина се сведат на минимум.