НАВОДНУВАЊЕ

За да го одберете најповолниот систем за наводнување на вашите земјоделски производи или тревни површини, Ви стои на располагање нашиот тим од хидро инженери и искусни мајстори, кои со своето искуство ќе Ви дизајнираат и направат систем кој ќе ги задоволи вашите потреби, а притоа ќе ги намали трошоците за негова изведба со оптимизирање на дијаметрите на цевководите кои ќе го вршат наводнувањето. Зошто да плаќате за предимензионирани цевководи?, Зошто да не заштедите?.

ДОМИНГ на пазарот пласира неколку типа на системи за наводнување, и тоа:

НОВО!!!

АВТОМАТИЗИРАЊЕ НА ПРОЦЕСОТ ЗА НАВОДНУВАЊЕ

Со монтирање на внимателно одбрана автоматика и вградување на истата во вашиот систем за наводнување, Вие ќе си ги тргнете од глава сите грижи од типот: Рано станување за да ја наводните земјоделската површина. Системот тоа го прави за Вас.

Може да се искористи за:

  1. Наводнување на земјоделски површини на секаков систем за наводнување.
  2. Наводнување на тревни површини (паркови и зеленило)

Предности на автоматизираниот систем:

  1. Немате обврска да бидете на лице место кога се врши наводнувањето.
  2. Нема потреба од довод на струја (ако не може да се донесе), системот може да работи и на батерии.
  3. При појава на доволна количина на дожд, системот може да автоматски да престане со наводнувањето.
  4. Овој систем може да се вгради и на веќе постоечки систем за наводнување.
  5. СИСТЕМОТ ЈА ВРШИ ЦЕЛАТА РАБОТА ЗА ВАС, ДОДЕКА ВИЕ УЖИВАТЕ.

Со добро обучената мајсторска екипа со која располага ДОМИНГ, најпрофесионално ќе ви бидат завршени сите работи кои ќе ги нарачате да ви бидат изведени.