ДГТИ ДОМИНГ е компанија која паралелно се развива во неколку различни, но сепак сродни сектори, меѓу кои:
- Инфраструктурен инженеринг (Проектирање, Ревизија, Изградба, Надзор и Консалтинг);
- Системи за наводнување (Проектирање, Изградба и Консалтинг);
- Внатрешен и надворешен Водовод и Канализација за објекти (Проектирање, Ревизија, Изградба, Надзор и Консалтинг);
- Трговија на големо и мало (Водовод, Канализација, Наводнување, Опрема за бањи).
ДГТИ ДОМИНГ е компанија која е целосно посветена на примената на квалитетот, заштитата и управувањето со животната средина и заштитата на здравјето и безбедноста при работа како систем на работа и истите се од големо знaчење и се на највисоко ниво. Основната цел на компанијата е да ги задоволи потребите на клиентите и нивните очекувања преку нудење квалитетни производи и услуги во трговијата со опрема за хидроградба, проектирањето, надзорот, ревизијата, оперативата/изведбата и инсталацијата на системи за наводнување. Системите за управување со квалитет, животна среидина и здравје и безбедност при работа според барањата на ISO 9001:2015, ISO 14001:2015 и ISO 45001:2018 континуирано се надгледуваат и унапредува со цел да бидат исполнети Политиката и целите на компанијата. Високиот степен на Системите за управување со квалитет, животна средина и безбедност при работа се темел на работењето и постојаното унапредување на компанијата.
ДГТИ ДОМИНГ во остварување на својата мисија е насочена кон спроведување и почитување на следните принципи и цели:
- Главната цел на раководството и целиот персонал е давање на квалитетни производи и услуги на своите клиенти што одговара на сите нормативни барања.
- Континуирано ќе го следи степенот на задоволство на клиентите и ќе ги проучува и исполнува нивните препораки, барања и рекламации се со цел истите да ги користи за подобрување на своите производи и услуги.
- Се грижи за долготрајна и квалитетна соработка со своите клиенти, добавувачи, партнери и сите заинтересирани страни со цел обезбедување на квалитетни производи и услуги.
- Се стреми да одржува тим од висококвалификуван и мотивиран персонал и води сметка за одржување и благопријатен творечки амбиент, пришто секој извршител да биде свесен за важноста на своите дејствија во однос на задоволувањето на барањата на клиентите и просперитетот на фирмата.
- Ќе се грижи за континуиранa обука и едукација на вработените како основна потпора на Системите за управување со квалитет, животна средина и безбедност при работа.
- Се обврзува на идентификација на ризиците и можностите и превземање на корективни мерки за постојано унапредување на квалитетот на производите и услугите кои ги нуди.
- Применува процесен период кон создавање и одржување на Системите за управување со квалитет, животна средина и безбедност при работа и за таа цел извршува идентификација, планирање, воведување, контрола и континуирано подобрување на сите процеси кои имаат влијание врз квалитетот на сите производи и услуги.
- Им гарантира на своите клиенти коректност и максимално исполнување на превземените ангажмани во закажаните рокови.
- Ќе се придржува кон селектирање и рециклирање на отпадот и намалување на потрошувачката на енергија.
- Ќе врши постојана контрола на своите процеси заради обезбедување на ефикасност на мерките за заштита на животната средина.
- Се обврзува да ги почитува сите законски барања за заштита и управување со околината и заштита на здравјето и безбедност при работа.
- Вложува напори за зачувување на здравјето и безбедност на вработените во сите деловни активности.
- Континуирано ќе ги идентификува и превзема мерки за намалување и отклонување на ризиците поврани со работните места, и ке се стреми за обзебедување на безбедна работна околина за сите заинтерисрани страни.