За компанијата

Добредојдовте на веб страницата на ДОМИНГ ЈТД Радовиш.

Ќе биде наше задоволство ако тука го најдете решението за вашиот проблем и истовремено ќе биде потик за нашата успешна соработка. 
Долгото искуство и професионалноста на нашиот персонал и на нашите соработници, ни дозволуваат со задоволство да ги претставиме нашите услуги, и не само толку, туку и реализираните проекти во изминатите 25 години, кои се гаранција за квалитетот, точноста и професионалноста кои нé идентификуваат во овој пазар. 

Доминг јтд Радовиш е компанија која постои и се развива од 1998 година.
Примарна дејност со која се занимава нашата компанија е :

  • Проектирање,
  • Ревизија,
  • Изведба и
  • Надзор на градежни објекти.

Освен тоа, нудиме и проектирање и изградба на:

  • Системи за наводнување,
  • Водовод и канализација во објекти,
  • Водовод и канализација надвор од објекти,
  • Противпожарни хидрантски системи.

Во склоп на нашата компанија постои и продажен салон за:

  • Водовод,
  • Канализација,
  • Наводнување,
  • Опрема за бањи,
  • Електрична галантерија,
  • Професионален алат за занаетчии