Капка по капка

Системот капка по капка претставува најефикасен систем за наводнување на стеблести градинарски култури и дрвја т.е. овошни насади.

  1. ЗОШТО КАПКА ПО КАПКА?
    • Тоа е најефикасниот начин на наводнување во моментот.
    • Со ефикасност на наводнувањето од над 90%
    • Не се губи вода непотребно
    • Водата се нанесува само на потребните места
    • Поефтин е од другите системи за наводнување       (ако добро се димензионира од искусни хидро инженери)
  1. КАКО ФУНКЦИОНИРА СИСТЕМОТ?
    • За да функционира овој систем, сите елементи треба да функционираат како една целина.
    • Во зависност од чистотата на водата, треба да се димензионира филтер кој ќе пропушта низ него вода која има честици на загаденост кои се помали од отворите на капалките. Тоа го прави искусен хидро инженер.
    • Има можност за додавање на резервоар за растварање на ѓубриво во водата со која се наводнува. Па земјоделската култура ќе биде наѓубрена со самото наводнување
    • Никогаш не препуштајте овој систем да Ви го изведува непрофесионална фирма, или обичен мајстор. Бидејќи со неправилен избор на сите елементи може да дојде до зачепување на капалките и уништена инвестиција, затоа не експериментирајте, доверете се на професионалци.
  1. ШТО ДОБИВАТЕ СО НАС?
    • Проект од искусен хидро инженерски тим. (кој е најчесто бесплатен ако ние ви го изведуваме целиот систем)
    • Монтажа од екипа на искусни мајстори, секогаш со хидро инженер на терен при изведба.
    • Консултантски услуги.
    • Екстра квалитет.

Побарајте ја вашата понуда со пополнување на образецот на следниот ЛИНК.